Филипче на нова средба со средношколците: Горд сум што имаме млади кои сакаат и можат да придонесат во унапредување на процесите

0
104

На мое задоволство, денеска тие беа гости во мојот кабинет. Со заменик министерот Арменд Арслани ги ислушавме нивните сугестии во однос на протоколот за одржување на настава со физичко присуство во средните училишта кои ќе ги разгледаме во понеделник на Комисија за заразни болести. Уште еднаш ги аргументиравме медицинските аспекти и можните ризици и се сложивме дека најважно од сé е да имаме безбедна настава. Горд сум што имаме млади кои сакаат и можат да придонесат во унапредување на процесите“, стои во објавата на министерот.

Уште претходно, средношколците преку протест го искажаа својот став за стартот на новата учебна година. Сојузот на средношколци го организираше истиот, а се со цел да се влијае врз одлуката за сите средношколци и ученици од 1 октомври да ја следат наставата од далечина, односно онлајн.

Денес беше објавено дека се разгледува можноста наставниот процес со физичко присуство да го следат и учениците од 4 до 9 одделение, но и средношколците.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, по средбата со министерката Царовска и другите први луѓе на општините, изјави дека паралелно се работи и на создавање услови за учење од далечина за учениците од училишта кои не ги исполнуваат условите.