Хрватска со 212 новозаразени

0
197

Во последните 24 часа во Хрватска забележани се нови 212 случаи со корона вирус, а биле тестирани 4.575 луѓе.

Активни се 1.333, меѓу кои 271 пациенти во болница од кои пак 25 на респиратор.

Починаа тројца.

До денеска забележани се 16.007 заболени, починаа 269, а оздравеа 14.405 луѓе.

Во самоизолација се 9.257 лица.

До денеска тестирани се 289.024 лица.