Четвртиот пакет „тежи“ 470 милиони евра – премиерот Заев најави 31 мерка за поддршка на стопанството и граѓаните

0
125

Вкупно 31 мерка во вредност од 470 милиони евра изнесува четвртиот пакет економски мерки со кои Владата ќе им помогне на граѓаните, вработените и на стопанството за да се надминат последиците од кризата предизвикана од КОВИД-19. Заедно со претходните три пакети мерки вкупната помош надминува 1 милијарда евра насочени кон граѓаните, работниците и стопанството со цел да се одржи стабилна економијата и со потенцијал за ревитализација.

Ова го соопшти премиерот Зоран Заев на прес конференција на која ја презентира содржината на четвртиот пакет мерки.
Поддршка е предвидена и за угостителските објекти за организирање свадби, игротеките, уметниците, компании, земјоделци….

Новиот пакет е продолжение на претходните три пакета, а целта е да се обезбеди одржливост на македонските економски дејности и работните места, рече премиерот.