Шилегов: Годинава не сум боцнат од комарец

0
127

Состојбата со комарците веќе е ублажена, вели скопскиот градоначалник Петре Шилегов. Тој очекува в петок кога ќе заврши прскањето против возрасните комарци да заврши и маката на скопјани. Но, за разлика од повеќето граѓани, Шилегов вели дека него цела година не го каснал ниту еден комарец.

„Секогаш кога се прска треба да се мисли пред сè на здравјето на луѓето, затоа што прскате хемикалија и токму заради тоа таа мора да биде по сериозни протоколи и препораки од здравствените власти“, рече Шилегов.

Прашање: Скопјани постојано негодуваат дека добиваат убоди од комарците. Па сакам да ве прашам, дали вие добивате убоди?

„Годинава не. Јас живеам во Тафталиџе немам слушнато дека имаме проблем, барем во соседството во коешто јас живеам“, одговори Шилегов.
Извор Алсат М