Шилегов: Не можеме да најдеме совршено решение за почеток на учебната година

0
132

Првиот човек на Град Скопје, Петре Шилегов на денешната прес конференција говореше за почетокот на учебната година, кој е предвиден за следниот месец.
Како што истакна тој, работат со луѓето од МОН за обезбедување на технички услови за непречена онлајн настава.

„Не можеме да најдеме совршено решение за учебната година. Треба да се најде доволно добро, како би се гарантирало здравјето на децата. Правото на здравје и образование се паралелни за едно дете. Продолжуваме со разговорите, работиме на обезбдување на технички услови за непречена онлајн настава“, истакна Шилегов.