Јанушев – Ние сме единствена земја која поскапува струја во време на пандемија

0
87

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва пред седиштето на РКЕ во центарот на Скопје, изјави дека Македонија е единствена земја која во услови на здравствена и економска криза ја поскапува струјата за 7,4 проценти со што директно удира врз стандардот на граѓаните.

-Тоа што Заев го бара од нив, тие само слепо го реализираат, а целта јасна. Да се покрие недомаќинското и расипничко работење на енергетските компании со пари од џебот на граѓаните. Затоа, ВМРО-ДПМНЕ најавува дека ќе побара надзорна расправа во Комисијата за финансирање и буџет во Собранието за поскапување на цената на електричната енергија во услови на економска криза, рече Јанушев, појаснувајќи дека партијата ќе побара да се разгледа на работа на РКЕ.