Швајцарија гласа за ограничување на Договорот за слободно движење со ЕУ

0
108

Граѓаните на Швајцарија денеска гласаат за предлогот на десничарската партија за ограничување на бројот на граѓани на Европската унија на кои им е дозволено да живеат и работат во таа земја.

Мерката, за која се залага десничарската популистичка Швајцарска народна партија, ќе им даде на швајцарските граѓани преференцијален пристап до работни места, социјална заштита и бенефиции во однос на оние од блокот од 27 земји.

Доколку биде усвоен, предлогот дополнително ќе ги влоши односите на богатата алпска земја со ЕУ, чиј член не е. Исто така, тоа може да доведе до реципрочни неповолни мерки за стотици илјади швајцарски граѓани кои сакаат да живеат или работат во ЕУ.

Околу 1,4 милиони граѓани на ЕУ живеат во земја со околу 8,2 милиони жители, додека околу 500 000 Швајцарци живеат во земјите на ЕУ.

На сличен референдум во 2014 година, Швајцарците тесно гласаа за ограничување на пристапот до граѓаните на ЕУ за живот и работа во Швајцарија.

Со укинувањето на Договорот со ЕУ за слобода на движење на луѓето, би можело да се загрозат уште шест билатерални договори со ЕУ. Раскинувањето на еден, значи автоматско раскунување на сите договори од таа група. Договорите опфаќаат истражувања, земјоделство, технички бариери за трговија, јавни набавки, копнен транспорт и цивилен воздушен транспорт.

Извор РСЕ