Али Ахмети на распит за пропаднатиот попис

Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска во 10 часот во просториите на поранешното СЈО треба да се јави на распит во врска со предметот „Попис“.Истрагата по предметот „Попис“ ја отвори поранешното СЈО, за потоа да ја преземе ОЈО за организиран криминал и корупција.

Случајот се однесува на пропаднатиот попис во 2011 година, организиран од владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.