Вакцината од Америка против Ковид во Ноември, Кинезите започнаа да вакцинираат, несакани ефекти нема

Директорот на американскиот Национален институт за здравство, Френсис Колин, денес изјави дека американската вакцина против коронавирус најверојатно ќе биде регистрирана до крајот на ноември.

„Малку е веројатно дека тоа ќе се случи пред крајот на ноември, со оглед на стандардите што мора да се почитуваат. Тоа ќе биде вакцина што е тестирана според најстрогите стандарди за безбедност и ефикасност“, навел Колинс, пренесува Си-ен-ен.

Кина, каде новиот коронавирус се појавил кон крајот на минатата година, успеала исто така да ја искорени епидемијата на својата територија. Таа е меѓу земјите чии истражувања за потенцијална вакцина најмногу напредувале.

“Напредуваат клиничките проби од фазата три за четири вакцини”, им рекол на новинарите службеникот на Министерството за наука и технологија Тијан Баогуо и додал дека околу 60.000 волонтери примиле една од тие експериментални вакцини против Ковид-19.