Вибер со нова опција за оние кои не ги памтат своите обврски

Популарната апликација за бесплатна комуникација Вибер воведе нова опција во рамките на опцијата My Notes (Мои белешки), која им овозможува на корисниците да креираат потсетници за нивните обврски и други важни настани.

Опцијата се активира со долго притискање на која било белешка во полето Мои белешки и избирање на опцијата „Креирај потсетник“.

Следниот чекор е да ги изберете времето и датумот на потсетникот, како и дали потсетникот ќе се повторува. Кога сè е поставено, потсетникот ќе се појави на мобилниот телефон во зададеното време.

Корисниците, со новата опција, ќе имаат преглед на сите свои пораки и потсетници во рамките на истата апликација.