ВЛАДА – ЌЕ ИМА ПОПИС ВО АПРИЛ 2021, НЕ СЕ ПОВЛЕКУВАМЕ

Владата не се повлекува од предлогот пописот на населението да се одржи во април 2021 година Министерот за правда, Бојан Маричиќ, вели дека овој предлог е изработен во согласност со барањата на опозицијата, од која очекува поддршка и конструктивна дебата.

Опозицијата ја обвинува власта дека се обидува да спроведе политички попис на населението за тесни интереси.Од партијата на Мицковски бараат пописот да го спроведе специјална државна комисија.