Во текот на пет дена треба да се изврши корона-тестирање на сите жители на кинескиот град Чингдао каде живеат над 10 милиони жители, најави Здравствениот завод на пристанишниот град, откако претходниот ден таму се регистрирани шест нови случаи на Сарс-КоВ-2. Станува збор за прво масовно тестирање за присуство на коронавирус по повеќе месеци. Во јуни во Пекинг беа спроведени серија тестирања, а како причина во таа прилика беше наведено избувнувањето на локално жариште на епидемијата на пазар за прехранбени производи.