Во последните 24 часа во Шведска се регистрирани 1.980 нови позитивни случаи на корона вирус, што е најмногу од почетокот на пандемијата.
Здравствените експерти, сепак, посочуваат дека на врвот на епидемијата во текот на пролетта, веројатно, имало многу повеќе заразени лица, но тоа не било забележано поради недостаток на тестови во тоа време.
Во истиот период, починале девет пациенти, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 5.927.