Вучиќ пак се пофали – Состојбата кај нас е стабилна немаме многу заразени

0
154

“Немаме голем број жртви или хоспитализирани, но крајно време е да сме сериозни, да работиме на болниците, опремата … Работиме на вакцините, преговараме со Руси, Кинези, Запад. Тие работат на вирусот со мајмуни, а потоа имаат проблеми. Јас сметав дека сè ќе биде готово до октомври, ноември, но нема “, рече Вучиќ.

 

Тој додаде дека претстои тежок период во Србија, но дека бројките во моментов не се драматични. Тој ги спореди бројките во Србија со Хрватска.

 

“Овие сè уште не се драматични бројки, да не ги плашиме луѓето, рековме дека потешкото доаѓа. Не можете кога имате 770 пациенти во Хрватска на помал број на тестирани, бии било како да имате 1.300 во Србија. Кога имате 200 во Македонија, тоа е како да имаме 800. Немаме голем број жртви или хоспитализирани. Ќе се соочиме со злобната болест во најсурова смисла на зборот “, рече тој и додаде:

 

“Погледнете ги бројките што скокаат во странство. Ние сè уште се држиме најдобро, пропорционално на нашите бројки. И денеска добро се држиме, иако е најлошиот ден. Дали ќе се влоши, секако.”