Доброволците добиле нова болест, прекинати клиничките испитувања за новата вакцина

Кандидатот за вакцина на фармацевтскиот гигант со седиште во САД се смета за еден од водечките меѓу неколкуте потенцијални вакцини во светот против ковид-19. „Ние привремено го паузиравме натамошно дозирање во сите клинички испитувања на кандидати за вакцини, вклучително и во третата фаза, поради необјаснета болест кај учесник во испитувањето“, се вели во соопштението на компанијата. Од Џонсон и Џонсон велат дека ваквите паузи се нормални во големите испитувања на илјадници учесници. Исто така, се забележува дека има разлика помеѓу „студиската пауза“, поттикната од компанијата и „регулаторното задржување“ воспоставено од регулаторниот здравствен орган. „Џонсон и Џонсон“ одби да образложи за каква болест кај учесникот станува збор.