Лидерите на Европската унија рано утрово се согласија да воведат санкции за околу 40 лица од Белорусија

Лидерите на Европската унија рано утрово се согласија да воведат санкции за околу 40 лица од Белорусија откако Кипар го повлече своето противење поради барањето Унијата да ја казни и Турција поради тензиите на истокот на Средоземното Море.

Санкциите не го вклучуваат белорускиот претседател Александар Лукашенко

„Имавме двојна стратегија“, рече претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, на прес-конференција по првиот ден од самитот, кој заврши по полноќ.

„Ние изјавуваме дека сакаме да обезбедиме шанса за политички дијалог. Од друга страна, остануваме цврсто на нашите вредности и поддршката за Грција и Кипар. Ние сме подготвени да се вклучиме во позитивна програма со Турција под услов Турција да сака да учествува попозитивно со нас“, рече Мишел.