
Шпанската престолнина се затвора за да се спречи ширењето на коронавирусот.
Мадрид е првата европска престолнина која повторно ќе се затвори.
Заедно со уште девет други околни општини ќе бидат ставени во карантин.
Ќе биде дозволено патување само поради работа, училиште, посета на лекар или шопинг.
Работата на баровите и кафулињата ќе се скрати од еден час по полноќ на 23 часа.
Лидерката на мадридскиот регион, Изабел Дијаз Ајсуо, најавила дека ќе се жали на суд поради карантинот.
Во Шпанија од вирусот починаа скоро 32.000 луѓе.
Заразени се скоро 800.000 луѓе