
Полицијата во Виена уапси мајка, жителка на Непал, која ги убила своите три малолетни ќерки.
Жената, која наводно се развела од сопругот, утрово, нешто по пет часот, повикала полиција и рекла дека ги убила децата и дека се обидела да изврши самоубиство.
Таа ги загушила своите три ќерки – бебето старо осум месеци и девојчиња на возраст од три и девет години.
Кога полицијата дошла до станот во 22 винески округ, ги затекнала безживотните тела на трите девојчиња, а едното дете давало знаци на живот, но и покрај борбата на лекарите за нејзиниот живот, таа починала во болница.
Според полицијата, обидот за самоубиство не предизвикал повреди опасни по живот. за жената.