НАПРАВЕНА СНИМКА ОД НОВА ПЛАНЕТА НАДВОР ОД СОНЧЕВИОТ СИСТЕМ

0
51

Егзопланетата наречена Бета Пикторис ц е втората планета откриена надвор од Сончевиот систем. Оддалечена е 63 светлосни години од Земјата.

Снимката на планетата сместена надвор од Сончевиот систем е направена со помош на најнапредниот оптички телескоп во светот во чилеанската пустина Атакама. Снимањето е извршено со методата на радијална брзина.

Бета Пикторис системот се наоѓа на околу 63,4 светлосни години од Сончевиот систем. До денес се откриени само две планети кои кружат во младиот систем – првата откриена и фотографирана во 2008 година е наречена Бета Пикторис б. Втората, Бета Пикторис ц, е откриена во втората половина на 2019 година, а сега е направена нејзината единствена снимка.