Народна банка поднесе кривична пријава против поранешни одговорни лица во Еуростандард банка.

Народна банка поднесе кривична пријава против поранешни одговорни лица во Еуростандард банка.

„Имајќи го предвид членот 181 од Законот за банките, со којшто се нормира кривичното дело – Предизвикување стечај на банка, Народната банка до Јавното обвинителство има поднесено кривична пријава против поранешни одговорни лица во „Еуростандард банка“ АД Скопје – сега во стечај“, соопшти НБМ.

Истовремено, до Јавното обвинителство, Народната банка предложила и преземање мерки коишто се во насока на натамошна заштита на интересите на доверителите.

„Заради карактерот на постапката и почитувајќи ги надлежностите на Јавното обвинителство и правото на пресумпција на невиност, во овој момент, Народната банка не би можела да сподели подетални информации“, велат од НБМ.