НЕИЗВЕСНО ПОТВРДУВАЊЕТО НА ОДЛУКИТЕ ЗА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СОБРАНИЕТО

Останува неизвесно дали собранието ќе ги потврди петте одлуки за прогласување на вонредна состојба што ги донесе претседателот на државата Стево Пендаровски поради пандемијата со ковид-19, откако пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе гласа против нивното потврдување.

За усвојување на петте одлуки потребна е поддршка од најмалку 80 пратеници, што е невозможно без поддршка од дел од народните избраници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Во партиско соопштение ВМРО-ДПМНЕ обвини дека претседателот Пендаровски и сдсм ја злоупотребиле вонредната состојба за поединци да профитираат.