Норвешка за своите граѓани ќе обезбеди бесплатни вакцини

Норвешка ќе овозможи нејзините граѓани да добијат бесплатна вакцина против коронавирус кога таа ќе стане достапна, соопшти денес Владата на таа земја.

Норвешка, која е дел од единствениот европски пазар, но не и членка на ЕУ, објави во август дека ќе има пристап до вакцините кои ЕУ ќе ги обезбеди низ преговори со фармацевтските компании.

-Сакаме што повеќе луѓе да примат сигурна и ефикасна вакцина. Затоа вакцината ќе биде бесплатна- соопшти премиерката Ерна Солберг.

Шведска, која е членка на ЕУ и сосед на Норвешка, ќе купи повеќе вакцини од што и е потребно и потоа ќе ги продаде на Осло.