Поранешниот началник на СВР Велес, Игор Ангеловски, почина од коронавирус

На инфективната клиника во Скопје вчера од коронавирус починал Игор Ангеловски, поранешен началник на СВР Велес.

Ангеловски на инфективното одделение во Велес бил хоспитализиран на 7-ми октомври.

Откако по неколку дена му се влошила ситуацијата, тој префрлен на Клиниката за инфективни и фебрилни болести во Скопје.

Неколку дена бил прикачен на респираторна машина, по што вчера починал. Ангеловски имал 41 година.

На позицијата началник на СВР Велес бил од периодот од 10-ти јануари до 27-ми јули оваа година.