Прегазен пешак, возачот избега од местото на несреќата

0
37

Постар пешак е тешко повреден откако вчера наутро во 09.30 часот на бул.„Александар Македонски“ товарно возило управувано од едно лице удрило во него.

 

Како што соопшти МВР, возилото го напуштило местото на незгодата. Пешакот М.Р.(77) од Скопје се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“.

 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Пред само неколку дена малолетник усмрти пешак и исто така, побегна од местото на несреќата: