Автопатот од Скопје до Косово можен за три години

0
78

Премиерот Зоран Заев рече дека ако подготовките завршат до крајот на годинава, автопатот од Скопје до границата со Косово може да биде готов за 2,5 години.

Ако ги завршиме сите подготовки, автопатот од Скопје до Блаце на границата со Косово ќе почне да се гради во првото тримесечје од наредната година и се надеваме дека ќе заврши за 2,5 години, рече премиерот Зоран Заев по средбата со неговиот косовски колега Авдулах Хоти во Скопје. Заев рече дека изградбата на автопатот е и во интерес на Македонија, зашто Косово е еден од нашите најголеми трговски партнери.