Со порастот на бројот на заразени и рекордите бројки од 393 нови заболени во Зоолошката градина од 13 октомври ќе се воведат дополнителни мерки за поголема заштита од ковид-19.
„Зоолошката градина е најбезбедно место и голем дел од постетителите носат маски. Но, од вторник ќе мора сите да носат, во спротивно ќе ја затворам Зоолошката за посетители. Вработените постојано ги едуцираат посетителите да носат маски и да држат растојание, а поставени се и информативни табли. Ќе преземеме и други мерки така што ќе ангажираме дополнителни редарски служби од агенциско обезбедување. Јас како директор нема да дозволам ниедно дете, родител или вработен да биде заразен во Зоолошката градина“, вели директорот Ѓорѓи Галетановски.