БАЛКАНОТ НОВО ЖАРИШТЕ НА КОРОНАВИРУС, ВО БИХ 476, А ВО СРБИЈА НОВИ 245 ЗАРАЗЕНИ СО КОВИД

0
189

Во Босна и Херцеговина (БиХ) се забележана 476 новозаразени лица и 11 смртни случаи, што е најмногу од почетокот на епидемијата од коронавирус.

Во Федерацијата БиХ се регистрирани 335 позитивни на коронавирус и осум починати пациенти.

„Тестирани се 1.839 примероци, а новозаразените се од сите кантони, освен Посавскиот“, соопштија денеска од Заводот за јавно здравје.

Во последните 24 часа во Србија се забележани 245 случаи на коронавирус. Тестирани се 6.428 лица.

Од полседиците на вирусот починало едно лица, пишува „Б92“.

Денес се хоспитализирани 80 бациенти, што е најголем број од 2 септември. На респиратори се 22 лица.