Бојко е позитивен на КОВИД19

0
74

Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска на својот Фејсбук профил објави дека е позитивен на коронавирус.

„Иако РЗИ официјално го укина мојот карантин, уште во петокот јас ги одложив сите состаноци и јавни настани за наредните денови. По два ПЦР-теста, од денеска сум позитивен на ковид-19“, напиша Борисов.

Тој наведува дека во моментот се чувствува малаксано, додавајќи дека по проценка на лекарите останува на домашно лекување.

Во саботата, по два негативни тестови ПЦР теста, карантинот на Борисов беше укинат од РЗИ-Софија.