Вардарци вечерва го пречекуваат германскиот Флензбург

0
84
Сеуште актуелниот европски првак Вардар по повеќенеделни одложувања на натпреварите конечно вечерва ќе игра нов меч во Лигата на шампионите
Ракометарите на Вардар вечерва го пречекуваат германскиот тим Флензбург во меч од Лигата на шампионите, прв за црвено-црните по натпреварот против Мешков Брест.
Вардарци во меѓувреме требаше да ги играат дуелите со Елверум и Пик Сегед, но ЕХФ реши да ги одложи, поради Ковид-19 позитивни, па Стевче Алушоски и неговите избраници имаа речиси еден месец да се подготват за дуелот против Флензбург.
Освен Јагуриновски кој е во изолација поради Корона вирус, Алушовски на располагање ги има сите други играчи.
Единствено што ќе им недостасува на црвено-црните сигурно ќе биде поддршката од трибините, бидејќи и овој натпреварот што ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“, ќе мине без присуство на публика, а неговиот почеток е закажан во терминот од  20 часот и 45 минути.
ИЗВОР СИТЕЛ