(Видео)Барајќи уставни измени запалија црква од 19. век, се палат и други светилишта

0
125

Најмалку две цркви се запалени во главниот град на Чиле, а илјадници луѓе се собраа на улиците на првата годишнина од смртоносните протести против конзервативната влада

На видеоснимките може да се види уривањето на кулата Парокија де ла Асунсион, една од најстарите цркви во Сантијаго де Чиле. Исто така, може да се види и Иглесија де Сан Франциско де Борја, која полицијата обично ја користи за церемонии, како е зафатена со пламен.

„Оние кои прават вакви насилни дела не сакаат Чилеанците да ги решат проблемите со демократски средства“, рече министерот за внатрешни рбоати Виктор Перес.

Тој ги повика граѓаните на Чиле да го искажат својот став на референдумот на 25-ти овој месец на кој ќе се гласа дали да се прават уставни измени. Сегашниот устав на Чиле е донесен во 1980 година од страна на воената хунта на Аугусто Пиноче и не предвидува државно здравство и образование за граѓаните, кои се две од барањата на демонстрантите.

Протестите почнаа мирно на Плаза Италија, позната и како Плаза де ла Дигнидад, но набргу станаа насилни и покрај полициското присуство