(ВИДЕО)Пискотници се слушаат од ковид-центарот на Источна Македонија обвинува ВМРО ДПМНЕ

0
117

„Денес, Штип останал без боци за кислород, кои дури, и доколку ги има, не се соодветно оперира со нив. Клиничката болница не располага со централен довод за кислород, што ја прави зависна од овие боци, меѓутоа во случаите кога на пациентите им се дава неопходното количество, тоа се врши на опасен начин.

Поради непостоењето регулатор за кислород, кој чини само 50 евра, пациентите добиваат несоодветна количина од овој гас. Освен тоа, една маска се користи за сите пациенти болни од Ковид-19, а често и нема можност да се опслужат неколку пациенти оддеднаш.

Очигледно, пациентите на инфективното одделение се оставени на совеста на вработените во ситуации кога се селектира кој пациент ќе го добие потребниот кислород. А сето тоа поради неодговорност на власта и ограничените ресурси во болницата.

И додека Штип и регионот од ден на ден ги зголемуваат бројките на позитивни од Ковид-19, ниту Министерството за здравство ниту Клиничката болница во Штип има слух за потребите на болните.
Ситуацијата на инфективното одделение ескалира. Апелираме за итна реакција од надлежните затоа што не само бројот на болни, туку состојбата ќе почне да го зголемува и бројот на мртви во Штип“, истакна Петрова.