Видео) Заев: Искоренувањето на сиромаштијата е наш секојдневен мотив

0
74
Сиромаштијата е една од најтешките состојби за било кое општество. Вие граѓаните најдобро знаете дека не само зборот, туку и делата за искоренување на сиромаштијата се нашиот секојдневен мотив. И не само на Светскиот ден на борбата против сиромаштијата, туку секој ден. И не само заради социјалдемократските вредности, туку заради човечноста, порача денеска премиерот Зоран Заев во видео обраќање по повод Светскиот ден на борба против сиромаштијата.

Делата, додава тој,  во изминативе години ги насочивме кон подигнување на животниот стадард и намалување на трошоците за граѓаните а со тоа и стапката на сиромаштијата.

-Минималната плата ја зголемивме на 14.500 денари, односно дури за 5.500 денари повеќе од минимумот кој дотогаш го примаа текстилците, кожарите, чевларите за својот тежок труд. Социјалната реформа направи пресврт во начинот на кој државата се грижи за социјално-ранливите, и го подобри животот на околу 300.000 граѓани. Социјалната помош се зголеми и до 300 отсто. За три пати е зголемен опфатот на деца кои добиваат детски и образовен додаток. Денес над 22 илјади дечиња ги користат детските мерки со што ги извлекуваме од синџирот на детската сиромаштија, рече премиерот.