Се качил на кулата на Трамп во Чикаго и барал да разговара со претседателот

0
87

Неидентификуван маж се качил на кулата на Трамп во Чикаго, барајќи да разговара со претседателот на САД и медиумите.

Мажот, на возраст од околу 20-тина години и наводно член на движењето „Црните животи се важни“, се искачил на кулата вчера околу 17,30 часот, висел од јаже и бил таму со часови додека полицијата се обидувала да го убеди да слезе, пренесува „Њујорк пост“.

Полицијата соопшти дека човекот се заканувал дека ќе се самоубие доколку не разговара со Доналд Трамп.