Владата ќе набави 830 000 вакцини

0
201

Засега може групирање – препораките на Комисијата бараат законски измени, смета Владата која не донесе одлука околу повторно воведување на ПЦР тест при влез во државата. Над 100 ученици и наставници позитивни, а двојно се во изолација. Бројот на активни случаи се доближува до рекордниот од јули

 Владата му наложи на министерот за здравство Венко Филипче да потпише договор за набавка на вакцини за Ковид -19 со Глобалниот сојуз за вакцини, а министерството за финансии и Генералниот секретаријат да ги обезбедат парите и да уплатат аванс. Набавката ќе оди преку COVAX механизмот за обезбедување глобален и рамномерен пристап до вакцини потврдени и регулирани од Светската здравствена организација (СЗО).

Според информациите на Гласот на Америка, планирано е да се набави количина на вакцини која би покрила 20 отсто од населението, а бидејќи станува за две дози бројката би била околу 830 илјади вакцини. Тие ќе чинат 8,8 милиони американски долари.