ВЛЕЗ ВО СЛОВЕНИЈА ЗА МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ СО НЕГАТИВЕН ПЦР ТЕСТ НЕ ПОСТАР ОД 48 ЧАСА

0
377

За влез во Словенија на државјани од трети земји, меѓу нив и на Македонија, ќе биде потребен негативен пцр тест не постар од 48 часа, објави словенечката амбасада во земјава.

– Тестот треба да биде направен во референтни лаборатории во државите, а земјава тоа е Институтот за јавно здравје во скопје.

Во соопштението на амбасадата, се додава дека важи и исклучокот без тест и карантин за влез во земјата, само со цел одржување контакт со потесни членови на семејството, а лицето се враќа во рок од 72 часа, како и за преминување на границата на деца под 14 години само доколку патуваат со потесен член на семејство кој приложил негативен тест.

Одлуката на словенечката влада за влез на македонски државјани во државата стапува во сила од денеска.