ВМРО ДПМНЕ – ВЛАДАТА ЗА ОХРИД НИШТО НЕ НАПРАВИ, А ТОЛКУ ВЕТУВАШЕ

0
90

Пратеничката Лидија Петковска, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија„ денес на собраниската седница на Комисијата за финансирање и буџет посочи дека проектот велосипедска патека во Охрид треба да има како за гостите така и за граѓаните, срамота е што власта толку многу ветуваше за овој град но ништо не направи.

„Со овој проект ќе се овозможи безбедно движење на велосипедистите на потегот од излезот на градот до туристичката населба Св. Стефан. Со проектот ќе се овозможи развој на велосипедизмот и велосипедскиот туризам, како и поздрава околина. Дополнително со оваа патека ќе се унапреди велосипедскиот сообраќај, Охриѓани и гостите ќе имаат можност да го користат своето време корисно, продуцирајќи здрави навики за возење на велосипед. Исто така сакам да потенцирам дека овој амандман е во корелација со субвенционирањето на купување велосипеди. Охрид како туристички град заслужува да се развива и затоа жалам што го одбивате овој амандман. Охрид не заслужува да стои во место и не можам да не споменам дека три години оставивте да стои страшната слика со која се соочуваат туристите, уште пред да дојдат во Охрид. Бидејќи ужасен е самиот влез од Аеродромот до Охрид, како и сите патишта кои што водат до Охрид. Пред се тука мислам на граничните премини кон соседна Албанија“, истакна Петковска.