Воздухот од петок ќе се расчисти , ќе дува северен ветер

0
66

Влеговме во период во кој загаденоста низ котлините забрзано расте, па така овие денови особено во Скопскиот регион, но и во западна Македонија е екстремно загадено. Загадено е и во други градови низ државава, освен на планините каде воздухот е значително почист и посвеж.

Сепак ветер со сосема слаб интензитет ќе имаме во текот на утрешниот ден, и тоа од променли правец.

Веќе во петок на повеќе места ќе дува засилен ветер од северен правец, токму ова добро ќе им дојде на котлините кои се со екстремна загаденост, односно ветерот очекуваме значително да го расчисти воздухот.