Во време на корона кога е најпотребна хигиена, Тетово и со два водоводи нема вода, во Колтук чешмите суви

0
94

За да ги завршат основите потреби како одржување на лична хигиена, да вклучат машина за перење и слично мора да купат или да наполнат вода од најблиската градска чешма. И така е речиси еден месец во тетовската населба Колтук.

-Ова е кастатрофа. немаме вода во текот на целиот ден. А изградија водовод, каде сега оди водата за пиење. Мора да полниме резерви во шишиња и буриња, а сега бараат од нас хигиена, како да одржуваме хигиена, рече една револтирана жителка од тетовската населба Колтук

Револтирани се што мора да ја плаќаат водата, а ја немаат. За секој месец задоцнување за сметките, добиваат опомени но и тужби, за како што велат недобиена услуга.

Од ЈКП Тетово не информираа дека во горните делови од градот се случува да нема вода преку ден поради намалениот притисок, како резултат на недостаток во извориштата во овој период и поради зголемената потрошувачка на вода во градот.Истакнаа дека ќе гледаатда изнајдат техничка можност за ублажуавње на состојбата. Апелираат до граѓаните рационално да ја користат водата за пиење, за граѓаните од горните населби да имаат вода. Во моментов издашноста на изворите заедно со бунарите изнесува 330 литри вода во секунда.

Проблемот со водоснабдувањето е долг речиси 4 децении. Со изградбата на новиот водовод состојбата последниве неколку години се стабилзиира, но сега веќе еден месец чешмите повторно пак се суви.