Во Чешка состојбата алармантна над 10 000 заразени за еден ден, воведен карантин

0
88

Во Чешка се потврдени 10.273 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа.

Тоа е седмиот највисок дневен биланс откако за прв пат овој месец во земјата се забележани повеќе од 10.000 новозаразени за еден ден.

Во текот на минатата недела, дневниот просек на новозаболените беше повеќе од 12.000.

Чешка се соочува со најбрза стапка на инфекција во Европа во последните две недели, со 1.324 случаи на 100.000 жители, пишува „Ројтерс“.

Продавниците во малопродажба, кои продолжуваат да работат според сегашните ограничувања, мора да бидат затворени до 20 часот и во недела, со исклучок на бензинските пумпи и аптеките.

Чешка викендов објави дека на дневна основа има 12.472 нови случаи на коронавирус, а вчера беа регистрирани над 10 000 случаи, а 164 починаа како последица од ковид-19.