Во Чешка 15 000 заразени за еден ден, воведени строги мерки како ограничување на движењето

0
90

Во Чешка во послендите 24 часа регистрирни се 14.968 заразени со корона вирусот, соопшти Министерството за здравтво.

Чешките власти порано воведоа остри мерки за сузбивање на ширењето на вирусот.

Чешката Влада на вонредна седница донесе одлука за неочекувано затворање на продавниците, освен оние со прехранбени производи и аптеки, од денеска, бидејќи претходните мерки за затворање на училиштата и рестораните капацитети, обврска да се носи маска, радикално намалување на бројот на луѓе кои можат да се соберат надвор и внатре не се доволно ефикасни. „Имаме огромен пораст на бројот на хоспитализирани пациенти. Прво и најважно треба да ги заштитиме животите на нашите граѓани“, рече премиерот Андреј Бабиш.