Голема озонска дупка незабележана досега

0
81

Научниците кои работат во рамките на програмата на Европската унија за набудување на Земјата, истакнаа дека озонската дупка над Антарктикот порасна на најголемите димензии забележани во последниве години.

Секоја година во август, на почетокот на Антарктичката пролет, озонската дупка почнува да расте и го достигнува својот врв околу октомври, пренесува АП.

Првото осиромашување на озонот е забележано во 1985 година. Во текот на изминатите 35 години, воведени се различни мерки за заздравување на обвивката, вклучувајќи го и
Монтреалскиот протокол за супстанции што влијаат на озонската обвивка.
Тоа е меѓународен договор дизајниран да го заштити озонскиот слој со постепено намалување на производството на бројни супстанции што негативно влијаат на дебелината на слојот.

Резултатот од договорот е мало обновување на озонската обвивка над Антарктикот, но портпаролот на Светската метеоролошка организација (СМО), Клер Нулис, посочува дека не можеме да бидеме задоволни

И покрај фактот дека дупката расте, експертите се убедени дека од воведувањето на протоколот во Монтреал и ограничувањата што ги предвидува во производството на супстанции што го уништуваат озонот, разредувањето забавува.

Проекциите за климатските промени сугерираат дека озонскиот слој во 2060 година може да се врати како во состојбата во 1980 година.
Осиромашувањето на озонот е директно поврзано со екстремно ниски температури. Колку е пониска температурата над
Антарктикот, толку е поголема озонската дупка.

Научниците предвидуваат дека озонската дупка ќе биде многу помала напролет, и дека станува збор за сезонско „обновување“ на обвивката.

Превземено од Порта 3