Горан Милески – Кичеец влезе во Казнено поправниот дом во Струга

0
78

Горан Милески Кичеец утринава влегол во Казнено поправниот дом во Струга да ја издржи правосилната затворска казна од три години на која е осуден во случајот „Рекет“.

Пред десетина дена тој доби упатен акт од Основниот суд во Охрид.

На осудениот му останаа за издржување помалку од три години, бидејќи околу 8 месеци беше во притвор.

Кичеец е осуден за делото примање наградата за противзаконито влијание.