ГРАДЕЖНИШТВОТО ТОНЕ СЕ БАРА ПОМОШ ОД ДРЖАВАТА

0
63

Државата да го овозможи тоа преку промена на условите за учество на тендер, бараат градежниците На денешната средба со министерот за транспорт, испорачаа низа барања. Освен 4тиот пакет мерки, бараат дополнителна финансиска помош, субвенции за опрема, модерни софтвери, пофлексибилна администрација… Тврдат дека ако државата не им помогне им се заканува колапс.

„Државата да се заземе за поголема реализација на капиралните инвестиции посебно да се надминат проблемите меѓу јавните претпријатија и општините, но и да продолжат мерките на помош за плати на вработените, администрацијата да биде пофлексибилана и да се обезбеди помош за извозните компании. Очекуваме да се направат и нови мерки на субвенционирање во опрема, актуелни софтвери кои се бараат во ЕУ и се скапи за нашите компании. Ние сме на услуга на државата да ни помогне да ги креира сите услови за да можеме да бидеме ангажирани.“ изјави Андреа Серафимовски, претседател на Здружение за градежништво при СК.

Градежниците очекуваат годината да ја завршат со многу лош резултат, но сметаат дека кризата во секторот градежништво дополнително ќе се продлабочи. Највисок пад на градежните работи е забележан во секторот високоградба, а инфраструктурните проекти се на исто ниво како лани.