Денот на ВМРО 23 октомври, во Тетово го прославува само ВМРО ДПМНЕ

0
93

23 октомври денот на Македонската револуционерна борба и годинава во Тетово беше скромно одбележан, со положување на свежо цвеќе пред Споменикот на револуцијата во центарот на градот. Присутни беа само преставници на политичката партија ВМРО ДПМНЕ. Од Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Тетово, реагираа на игнорантскиот однос на властите кон овој светол датум од историјата.

-Државните празници се денови кога треба да се обединат сите затоа што овие државни празници ја претставуваат борбата за самостојност за современата македонска држава и токму затоа сметам дека особено локалните власти затоа што тоа е во и нивна ингеренција треба да се погрижат за организација на одбележувањата на овие на овие државни празници. За жал и годинава во Тетово како и во минатото не се организира државниот празник од страна на државните власти и со тоа се испраќа лоша порака која секако не оди во насока на обединувањето на македонскиот народ. Овој е голем ден за македонскиот народ, на овој ден е вкоренета идејата за самостојност на македонскиот народ. На овој ден ги славиме храбрите дела на нашите предци на основачите на ВМРО но и на сите останатите кои се темелот на Република Македонија. За жал ние денес се соочуваме со распродажба на македонските интереси, денес Македонците се соочуваат со нов предизвик за сочувување на својот идентитет, рече Александар Велјановски, пратеник од редовите на ОК ВМРО ДПМНЕ Тетово.

И не само ово празник општинските власти ги игнорираат и другите државни празници, на чие одбележуавње ретко праќаат свои преставници, како на денешниот празник денот на ВМРО.