Директорот на струмичката болница ја повлече објавата на Фејсбук со која бараше донации за ново амбулантно возило

0
82

Директорот на болницата во Струмица, Наќе Гогов денеска имаше објавно статус на „Фејсбук“, преку кој бараше донации од своите сограѓани, за купување на ново амбулантно возило по зголемениот број на случаи со Ковид-19.

Сепак, после негативните коментари, Гогов го повлече статусот.

„После негативните коментари, го повлекувам статусот, и апелирам да не се донира“, напиша Гогов.