Доктор Пановски -Да очекуваме бројка над 1000 нови заразени дневно

0
148

Доктор Никола Пановски вечерва за Канал 5 тв напомена дека воопшто не би требало да не чуди ако бројките на новозаразени се искачат и над 1.000 случаи на дневно ниво.

Рекордов ќе трае кратко. Брзо ќе биде соборен бидејќи по мене овие се некаде од петок-сабота. Сега ќе дојдат од сабота вечер- недела. Тие се тие денови на инкубација. Се јавуваат нови случаи. Па ќе дојдат случаи каде овие ги заразиле дома. Тоа ќе се шири. Ова е сериозен проблем и треба сите да се вклучат и власт и опозиција и верски лидери и доктори да ги убедат граѓаните да ги почитуваат мерките. Веќе ќе колабираме, туку и економски, вели др. Пановски.