ДУИ БАРА ОНЛАЈН СЕДНИЦИ ДА НЕ СЕ МАЛТРЕТИРААТ ПРАТЕНИЦИТЕ

0
71

ДУИ, како што стои во партиското соопштение, ја повикува опозицијата да го разгледа овој предлог со цел да се заштити здравјето на пратениците и администрацијата, а истовремено да не се блокираат важните процеси за државата.

 

„Во сегашната регулатива на Собранието стои ‘присуство‘. ДУИ сака да се прецизира дека присуството на пратениците во Собранието може да биде физичко или онлајн. Не смееме да дозволиме малтретирање на пратеници кои моментално се погодени од ковид-19, да не ги тераме преку посебен третман да доаѓаат на седници и потоа да ги загрозуваме сите други. ДУИ не сака Собранието да дојде во ситуација да блокира важни процеси.

 

ДУИ бара опозицијата да ја земе предвид компаративната анализа на состојбата во регионот и пошироко во ваква ситуација со ковид-19, потсетувајќи дека Владата веќе започна да ги одржува своите седници преку Интернет“, стои во партиското соопштение.