Еврозоната со најголем економски пад по Втората светска војна

0
78

Јавниот долг во Европската унија и еврозоната нагло се зголеми во вториот квартал поради зголемените потреби за финансирање на земјите за ублажување на ефектите од пандемијата на коронавирусот, се вели во најновиот извештај на Евростат.

На ниво на ЕУ, јавниот долг како дел од БДП се искачил на 87,7 проценти во вториот квартал, од 79,4 проценти во првите три месеци од оваа година. Во еврозоната скокнаl од 86,3 на 95,1 проценти.

Во периодот од април до јуни, беше изразена потребата за финансирање на земјите од ЕУ со цел да се потисне ширењето на пандемијата на коронавирусот и да се ублажат економските последици од мерките за затворање, забележува Евростат.

Во споредба со крајот на минатиот јуни, учеството на долгот во БДП се зголемил во сите земји на ЕУ, освен во Ирска, каде што се намалил за 0,3 процентни поени.

Најмногу се зголемил во Франција, за 14,9 проценти. Следува Белгија со 12,9, Италија со 11,9 и Шпанија со 11,7 проценти. Во Хрватска се зголемил за 9,4 процентни поени, што речиси се изедначил со Естонија.

Најнизок раст на уделот во споредба со вториот квартал од минатата година забележале Шведска и Бугарија, за еден, односно 1,4 процентни поени, според извештајот на Евростат.

На крајот на јуни, Грција имала најголем јавен долг, мерен според учеството во БДП, од 187,4 проценти. Следат Португалија со 126,1 процент, Белгија (115,3), Франција (114,1), Кипар (113,2) и Шпанија со 110,1 процент, според проценките на Евростат.

Најниско ниво на јавен долг е забележано во Естонија, со 18,5 проценти. Следат Бугарија и Луксембург со 21,3, односно 23,8 проценти.

Меѓу земјите на ЕУ, јавниот долг изразен како учество на БДП, во Кипар скокнал најмногу во споредба со крајот на март, за 17,1 процентни поени. Следува Франција со пораст од 12,8 проценти, и Италија со 11,8 проценти. Шпанија е исто така во групата со 11,8 проценти, како и Хрватска и Белгија, каде учеството на јавниот долг во БДП на крајот на јуни бил за 11 проценти поголем отколку на крајот на март