Едно лице го загуби живото, откако автомобил од силниот удар влезе во дневна соба

0
154

Едно лице го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа која синоќа околу 21 часот се случила во Нова Градишка, Хрватска.

Како што може да се забележи на фотографиите кои ги објавија хрватските медиуми, автомобилот влетал во куќа.

-Во Полициската станица Нова Градишка околу 21 часот примена е дојава за сообраќајна несреќа во која загина едно лице, велат од полицијата.

Како што јавува Индекс, загинал 40-годишен возач.

Автомобилот го пробил ѕидот и завршил во внатрешноста на куќата. За среќа во куќата немало никој за време на несреќата.