Ердоган му порача на Макрон да побара лекарска помош за ментално здравје

0
88

Бесот и навредата не се метод“, велат од канцеларијата на Макрон.

Францускиот лидер овој месец му објави војна на „исламистичкиот сепаратизам“, за кој верува дека е се поприсутен во некои муслимански заедници во Франција.

Франција е потресена од обезглавувањето на наставникот од страна на радикалниот исламист, кој сакал да се одмазди затоа што наставнкот покажувал карикатури од пророкот Мухамед на час за слобода на изразување.

.„Каков проблем има личноста наречена Макрон со муслиманите и исламот? На Макрон му треба третман на ментално ниво “, рече Ердоган во говорот во централниот турски град Кајсери.

„Што друго може да се каже за шефот на држава кој не ја разбира слободата на верување и кој се однесува на овој начин кон милиони луѓе што живеат во неговата земја и кои се членови на друга вера?“ Додаде Ердоган.

Турција и Франција се членки на НАТО, но имаа несогласувања околу прашањата меѓу кои Сирија и Либија, поморската јурисдикција во источниот Медитеран и конфликтот во Нагорно Карабах.

„Франција ги собра своите европски партнери, кои ја подржуваат во барањето Турција да запре со своите опасни авантури во Средоземното море и во регионот“, се вели во соопштението од канцеларијата на Макрон.

Ердоган има рок од два месеци да одговори или да се соочи со мерки, се додава во соопштението, истакнувајќи го отсуството на сочувство од турскиот водач по смртта на наставникот по историја минатата недела.

Турскиот претседател исто така рече на 6 октомври дека коментарите на Макрон за исламистичките закани се „јасна провокација“ и покажуваат „неискреност“, пишува „РОЈТЕРС“.